Стојна Вангеловска
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стојна Вангеловска ― југословенска/македонска поранешна кошаркарка и економист.[1] Таа освоила сребрен медал на Летните олимписки игри во 1988 Сеул како член на Кошаркарската репрезентација на СФРЈ. Таа има настапувано за: Студент, Партизан, Јежице, Панатинаикос и Тиквеш Флорида како играч, и ги има предводено Младинец, Профитнес, Студент, Кимико и Женската кошаркарска репрезентација на Македонија како тренер. Таа е единствената Македонка носител на летен олимписки медал.
Remove ads
Образование
Завршила на Економски факултет во Сараево и Вишата тренерска школа во Белград.[1]
Кошаркарска кариера
Играчка клупска кариера
Таа играла за Студент од Скопје, белградски Партизан, Јежица од Љубљана, Панатинаикос и кавадаречки Тиквеш Флорида. Со Тиквеш освоила повеќе првенствени и куп титули.[1]
Играчка репрезентативна кариера
За кадетска и младинската репрезентација на Југославија, Вангеловска одиграла 50 службени натпревари.[1]
Таа била член на југословенската репрезентација од периодот 1980-1990, одигрувајќи 250 натпревари, и пет години била нејзин капитен.[1]
Таа освоила девет медали на Балканските првенства, три медали на Европски првенства, три на светските, два медали на Универзијадите, и еден медал на Олимписките игри.[1]
Remove ads
Признанија
- Најдобар спортист на Македонија за 1985 година[1]
.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads