Стража (село)

село во Општина Липково From Wikipedia, the free encyclopedia

Стража (село)map
Remove ads

Стража — село во Општина Липково, во северниот дел на Македонија. Денес нема жители.[2]

Кратки факти
Remove ads

Географија и местоположба

Селото е планинско, сместено под североисточната падина на Скопска Црна Гора[3], до самата граница со Србија (Општина Прешево).

На околу 500 м на северозапад од главната населба е Табак Маало, сместено на повисок дел од падината.[4]

Историја

На крајот на XIX век Стража било албанско село во Кумановската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Стража се состоела од 100 „Арнаути муслимани“.[5]

Демографија

Повеќе информации Година, Нас. ...

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.[6]

Иако на претходните етнографски прегледи населението е укажано како албанско (т.е. „арнаутско“), на пописот во 1951 г. тоа се води со 171 жител, од кои 162 Турци и само 9 Албанци.[7] Во текот на 1950-тите деценија бројот на Турци и Албанци се изедначил, веројатно поради иселувањето на Турците. Во 1971 г. Стража се свела на 89 жители — сите Албанци. Селото е целосно напуштено во текот на 1970-тите години.[3] Според пописот од 2002 година, нема ниеден постојан жител.[2] Истото било потврдено и на пописот од 2021 година.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Повеќе информации Година ...
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[8]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[9]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[10]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads