Страната (Ангелци)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Странатаархеолошко наоѓалиште во атарот на селото Ангелци во општина Василево, каде што се откриени остатоци од неолитски и римски населби. Теренот е блага падина, седлесто вдлабена на средината, свртена кон исток, со површина од 3 хектара. Западната страна ја заштитува ритчето Чаушев Камен, а северната и дел од источната страна се опкружени со коритото на малата река Сушица.

Повеќе информации Основни податоци ...

Целата површина е обработена и поделена на парцели во кои хумусниот слој е испревртен со земјоделските работи, така што се среќаваат голем број неолитски предмети од керамика, коска и камен, куќен лепеж, а спорадично тегули и друг градежен материјал од римското време.

Во 1985 година, во организација на Музејот на Македонија и музејот од Струмица било извршено пробно ископување. Биле откриени остатоци од населба со културен слој дебел 1,80 м, во кој се разграниќуваат два хоризонта на живеење, настанати во рамките на доцниот неолит. Постариот хоризонт (Ангелци И) покажува материјална култура во која се присутни елементи блиски до оние од населбите во културните групи Зелениково, со што во извесна смисла ја означува јужната граница на рефлексиите од винчанската култура во Источна Македонија.

Што се однесува до населбата од помладиот хоризонт, културно е посамостојна, но истовремено и многу блиска до доцнонеолитските населби од реонот на Долна Струма[1].

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads