Општина Василево
општина во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Општина Василево — општина во југоисточна Македонија. Центар на општината е Василево.


Remove ads
Географија
Историја
Општина Василево како комуна за првпат е формирана 1922 година.
Со територијалната поделба 1954-1955 година комуна Василево повторно е основана што значи дека е согледана можноста за опстојување на тој простор како Комуна. Комуна Василево ја преживува и реформата во 1962 година кога се укинати другите селски комуни во Струмичкиот регион, но во 1965 година со Стопанската реформа е укината заедно со сите комуни.
Во 1996 година со Законот за територијална поделба на Република Македонија, општина Василево повторно се основа со 18 населени места, но сега без Добрејци, Вељуса и Просениково.
Remove ads
Стопанство
Демографија
| Вероисповед | Вкупно |
| православни | 9.246 |
| муслимани | 2.196 |
| католици | 581 |
| протестанти | 1 |
| останати | 98 |
Општина Василево има 18 населени места во кои живеат 12.122 жители, според пописот од 2002 година. Ако оваа бројка се спреди со претходниот попис од 1994 година, се гледа дека населението во општината е во пораст и тоа за 713 жители или 6,25%.[2]
Според податоците заклучно со 2011 година, вкупниот број на ученици во Општина Василево во 2011 се зголемил за 4,4 % во однос на вкупниот број на ученици во 2007. Василево е трета општина по зголемувањето на вкупниот број на ученици.[3]
Remove ads
Општествени установи
Самоуправа и политика
Градоначалник на општина Василево е Славе Андонов од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој бил избран на локалните избори од 2025 година за мандат од четири години.[4]
Согласно одлука на Владата на Македонија од 27 септември 2024 година, Советот на општината брои 15 члена.[5]
За потребите за функционирање на органите на локалната самоуправа во текот на 1997/98 година е изградена Општинска административна зграда, која ги задоволува условите за работа на општинската администрација и со зголемени надлежности согласно новиот Закон за локална самоуправа. Имено општинската административна зграда е со површина од 253 м2, има 7 канцеларии, кујна, санитарен јазол и простран хол.
Постојните управни и административни органи на општина Василево согласно новиот Закон за локалната самоуправа се организирани во општинска администрација со Одлука од Советот на општината. Со оваа Одлука како организациони облици на општинската администрација се образуваат специјални одделенија, и тоа:
- 1. Одделение за комунални дејности и заштита на животната средина;
- 2. Одделение за општествени дејности;
- 3. Одделение за финансии, даноци, такси и ЛЕР;
- 4. Одделение за правни работи;
- 5. Одделение за ревизија.
Remove ads
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Личности
Култура и спорт
Иселеништво
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads

