Страте Ивановски

From Wikipedia, the free encyclopedia

Страте Ивановски
Remove ads

Страте Русев Ивановски ( 1921 во Лазарополе 1944 во Скопје) — македонски партизан, борец за слобода на Македонија и учесник во НОВ.[1]

Кратки факти Роден, Починал ...

Животопис

Основно образование завршил во родното село. Уште како млад бил принуден да замине на печалба. Се населил во Скопје и станал општ работник. Тука се вклучил во народно-ослободителното движење по примерот на постариот брат, кој веќе бил член на МК на СКОЈ. Во август 1944 година стапил во редовите на Третата македонска ударна бригада. Набргу станал политички комесар на чета во четвртиот баталјон. Со својата единица учествувал во борбите против балистите во околните села во подножјето на Китка. Потоа во реонот на реката Треска, како и во акциите против Германците на железничката линија Скопје - Велес. На 13 ноември 1944 година учествувал во уличните борби за ослободувањете на Скопје. Борците од неговата единица заробиле голем број Германци. Наредниот ден заминал кон Ѓорче Петров, каде учествувал во жестоките борби против балистите. На 14 ноември 1944 година бил смртно ранет од непријателски куршум, крај реката Лепенец.

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads