Стрептокиназа
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стрептокиназа (SK) е тромболитичен лек и ензим.[1] Како лек се користи за разложување на тромби во некои случаи на миокарден инфаркт, пулмонален емболизам, и артериски тромбоемболизам.[2] Типот на миокарден инфаркт при кој се употребува е миокарден инфаркт со ST елевација (STEMI).[3] Се користи како интравенска инјекција.[2]
Несаканите ефекти вклучуваат наузеа, крвавење, низок крвен притисок, и алергиски реакции.[2] Не се препорачува да се употребува по вторпат текот на животниот век.[2]
Стрептокиназата била откриена во 1933 година од Бета хемолитички стрептококи.[1]
Remove ads
Контраиндикации
Апсолутни
- Претходна интракранијална хеморагија
- Интракранијална неоплазма (примарна или секундарна)
- Исхемичен мозочен удар пред помалку од 3 месеци
- Суспектна аортна дисекција
- Активно крварење или друг проблем со крварење, освен менструација
- Значителна повреда на главата или лицето во последните 3 месеци
- Интракранијална или интраспинална хируршка интервенција во претходните 2 месеци
- Неконтролиран висок крвен притисок (кој не реагира на итна терапија)
- Претходен третман со стрептокиназа во последните 6 месеци
Релативни
- Историја на хронична, тешка, слабо контролирана хипертензија
- Значителна хипертензија при презентација (SBP >180 mm Hg или DBP >110 mm Hg)
- Историја на претходен исхемичен мозочен удар во последните 3 месеци
- Деменција
- Traumatic or prolonged (>10 min) CPR
- Скорешно внатрешно крварење (во последните 2 до 4 недели)
- Активен пептичен улцер
- Друга антикоагулантна терапија
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads