Строшки манастир
манастир во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Строшки манастир (се среќава и како Стровјански манастир) — манастир во средишниот дел на Македонија, на јужните падини на планината Даутица, во близина на селото Стровија.[1]
Remove ads
Историја
Манастирот започнал да се гради со осветувањето на темелите за изградба на манастирската црква од страна на протереј-ставрофор Борис Талесеки со благослов на Митрополит Преспанско-пелагониски г. Климент на 28 април 1968 година (Томина недела). Се претпоставува дека на местото на манастирот во минатото имало црква посветена на Света Недела за која нема податоци кога била урната, но веројатно во периодот непосредно по потпаѓањето под отоманска власт.[2]
Remove ads
Градби
Во склоп на манастирот влегуваат една црква, параклис, конак и неколку помошни објекти.
Црква „Света Недела“
Црквата била осветена на 2 мај 1976 година од страна на пелагонискиот епископ Ангелариј. Се верува дека е изградена врз остатоци од стара манастирска црква која се наоѓала покрај брегот на Строшка Река, но од неа денес е изгубена секаква трага и единствено нешто коешто укажува на таквото верување е мала чешма со чудотворно дејство која е постветена на истата светица.[2]
Remove ads
Галерија
- Манастирската црква
- Конакот
- Параклисот
- Помошен објект
- Објекти во манастирот
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads