Стровија
село во Општина Долнени From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Стровија — село во Општина Долнени, во околината на градот Прилеп.
Remove ads
Географија и местоположба
Стровија се наоѓа во крајниот северен дел на Прилепското Поле, а во таа насока и на територијата на Општина Долнени.[2] Според местоположбата Стровија е најсеверното село во Прилепско и котлината Пелагонија. Селото лежи на допирот помеѓу две зони на земјишта: јужно е рамно земјиште под обработливи површини, а северно лежи планинска падина под шума.[3] Оттаму, Стровија е ридско село на надморска височина од 720 метри.[2] Сместено е во подножјето на планината Даутица и низ него протекува Строшка Река. Највисоки врвови во селото се: Преслоп - 1066 м.н.в, Орешка Чука - 1644 м.н.в, врвот над Бачилана и Солишта - 1842 м.н.в и Клепало - 1843 метри надморска височина.[4] Околни села се: Гостиражни, Црнилиште и Долгаец. Водата за пиење се добива од две чешми и десет бунари. Стровија е село од збиен тип. Мала рекичка ја дели на два дела, од кои секој се нарекува „Преку река“.[5] Помали делови од селото носат родовски имиња како Срмановци, Поповци, Џарковци и др. Стровија има простран атар со голем број на потези и месности кој зафаќа простор од 25,9 км2.[2]
Роднинските куќи во селото се групирани. На рамничарското земјиште лежат следните потези: Гребиште, Преслап, Кула, Јакоа Ливада, Вилјачица, Смрдла, Лозја, Средни Ливади, Тапан, Башинец, Чука, Корија, Каменица, Свети Илија, Мали Лозја, Долги Слогови и Бара. Месности и потези на планинската падина се: Ќаве, Орешки Ливади, Скала, Езеро, Тињи, Клепа, Гоедарица, Србо Сено, Длага Орница, Кашкалиште, Стригарница, Солиште, Свињарник, Бачило, Присојница, Бојово Гумно, Кобелови, Орлово Седело, Жабинчишта, Круша, Мургоа Нива, Манастириште, Вилина Црква и Гропчеа Нива.[5] Според класификацијата на Министерството за локална самоуправа на Македонија, Стровија спаѓа во категоријата изразито неразвиени села.
Remove ads
Историја
На атарот на Стровија постојат старини, кои укажуваат дека овде имало населба уште од дамнешни времиња. Под селото е месноста Чука, која е сега под ниви. Таму селаните наоѓале „гробишта и ќупови“. На западната страна на селото на местото Нови Лозја, наоѓани се „прстени и мали пари како петличиња (копчиња)“. Над Стровија, Секуловци откопале „голем ќуп со преклоп кој собирал еден товар жито“.[5] И кај црквата Свети Никола постојат стари „елимски“ гробови. Имајќи предвид дека тука била границата помеѓу древните антички македонски племиња Пелагонци и Линкестиди кои живеле на југ во Пелагониската Котлина и пајонските племиња кои живееле на север во долината на Бабуна, можно е тие остатоци да се античко-македонски или пајонски. Овие споменати старини според кажувањата на мештаните потекнуваат од поранешното население.
Манастириште е место на границата помеѓу Стровија и велешкото село Богомила. Таму нема никакви „знаци“ или остатоци. Свети Илија е место во полето, каде што постои еден крст. Друг крст, наречен Свети Никола е поставен на патот за Гостиражни. На западната страна е црквата посветена на Свети Илија изградена пред околу 100 години. Пред тоа тука имало стара црквичка. Околу црквата се гробиштата на селаните чии куќи се десно од реката. Северно од селото е црквиштето Свети Никола каде што се гробиштата на селаните чии куќи се лево од реката. Селска слава е Свети Илија – Илинден.
По народното предание и традиција, Стровија е старо село. Некогаш тоа имало само три македонски христијански домаќинства – Поповско, Богевско и Калајџиовско. Од Калајџиовци нема потомци. Тие уште во време турско „се испустиле“. Јужно од Стровија се наоѓа големото албанско село Црнилиште. За време на турското владеење, земјиштето подолу од Стровија го заземале црнилишките Албанци.[5] Тие чинеле разни штети во Стровија: ги приморувале селаните да им обработуваат ниви, им забранувале да поминуваат низ Црнилиште, им ги береле овошките и лозјата и сечеле од шумата на планината. За време на турското владеење селаните на Стровија биле „рајати“, односно биле слободни и независни живеејќи на своја сопствена земја, а во селото немало чифлизи.
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името Истрохија и имало 35 семејства, 3 неженети и 3 вдовици, сите христијани.[6]
До 1912 година, селаните од Стровија живееле „од стока“ (една куќа имала 20 до 100 овци), „со дрва“ (продавале греди во Битола и во другите села), потоа оделе на печалба во Србија и Романија каде „бичеле даски и работеле на патишта“.[5]
Remove ads
Стопанство
Населението во селото се занимава со полјоделство, сточарство и шумарство. Во селскиот атар преовладуваат шумите на 1.810 хектари, на обработливото земјиште отпаѓаат 285 хектари, а на пасиштата 285 хектари. Според тоа, селото има полјоделско-шумарска функција.[2] Од земјоделските култури најмногу се одгледуваат: тутун, жито — пченица и пченка, кромид, пиперки, грав, лук и кромид. Од сточарството е застапено одгледувањето на крави, телиња, овци и кози за кои се направени и неколку нови фарми и бачила во непосредната околина на селото каде што се произведува сирење и други млечни производи. Поради изобилството од квалитетна и густа, дабова, букова и зимзелена борова шума, доста е развиено и шумарството односно сечата на дрво за огрев и градежништво. Голем проблем за селото претставуваат дрвокрадците. Во зградата на некогашното училиште на сретсело денес функционира планинарски дом, во чија непосредна близина (првата куќа) лево работи и продавница. До 1912 година, селаните од Стровија живееле „од стока“ (една куќа имала 20 до 100 овци), „со дрва“ (продавале греди во Битола и во другите села), потоа оделе на печалба во Србија и Романија каде „бичеле даски и работеле на патишта“.[5]
Население
Во делото „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Строве (Strové) било село со 56 домаќинства и 232 жители Македонци.[7]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Стровија имало 434 жители Македонци.[8] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во селото имало 400 жители Македонци.[9]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стровија се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 63 куќи.[10]
За време на Првата светска војна, Стровија била вклучена во општина Костинци и имала 564 жители[11]
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 550 Македонци.[12]
Според последниот попис од 2002 година, во селото живееле 35 жители, сите Македонци.[13]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 24 жители, од кои 18 Македонци и 6 Срби.
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
- Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[14]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[15]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[16]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[17]
Родови
Стровија е македонско село.
Според истражувањата од 1950-тите, родови во селото се:
- Староседелци: Срмановци (16 к.), Николовци (10 к.), Кузмановци (9 к.), Поповци (9 к.), Спасовци (6 к.), Богоевци (4 к.) и Јанковци (2 к.) првите четири (4) рода потекнуваат од ист предок, и останатите три (3) рода исто така потекнуваат од ист предок. За овие родови преданието е дека се најверојатно староседелци.
- Доселеници: Симоновци (13 к.), Амаловци (5 к.) и Марковци (3 к.) потекнуваат од ист предок, доселени доселени се од некое село во Порече; Ѓоргијовци (3 к.), Димчевци (3 к.), Џаркевци (11 к.) и Тркалевци (6 к.) доселени се, но не знаат од каде; Шоповци (3 к.) доселени се од некое село во Порече.[3]
Remove ads
Општествени установи
Во селото има планинарски дом којшто е сместен во објектот на некогашното основно училиште.
Самоуправа и политика
Селото влегува во рамките на Општина Долнени од 1955 година.
Во периодот 1952-1955, селото било дел од Општина Костинци.
Избирачко место
Во селото постои избирачкото место бр. 1481 според Државната изборна комисија, сместено во просториите на основното училиште.[18]
На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 13 гласачи.[19]
Културни и природни знаменитости

- Ѓерамидница — населба од римско време;
- Петочница — депо на монети од средниот век;
- Чука — неопределено од непознат период;
- Нови Лозја — неопределено од непознат период;
- Св. Никола — некропола од непознат период;
- Над Село — неопределено од непознат период.
- Манастири[21]
- Цркви[21]
- Црква „Св. Илија“ — главната селска црква;
- Црква „Св. Недела“ — манастриска црква.
Remove ads
Редовни настани
Секоја година мештаните во Стровија го слави празникот Св. Илија (Илинден) на 2 август — ден кој е прифатен како селска слава.
Личности
- Боце Перески (1933 - ) - македонски генерал;
Иселеништво
Собрани се податоци за следните иселени македонски родови од Стровија. Во соседното Црнилиште во педесеттите години на XX век живееле 12 македонски семејства од Стровија. Тие биле гранки на родовите: Џарковци, Симоновци, Шоповци и Николовци. Во Браилово се иселени три семејства од родовите Срмановци и Симовци[5]. Веселин се иселил во Забрчани, а повеќе (од две-три до триесетина) семејства се иселени во Прилеп. Поголем број на жители на Стровија се иселиле и во Скопје, и тоа во населбите Ѓорче Петров, Хром, Драчево и Лисиче.
Remove ads
Галерија
- Патот до селото
- Крст на влезот од селото
- Параклис на влезот од селото
- Параклис на влезот од селото
- Параклисот со крстот
- Мост на Строшка Река
- Куќи во селото
- Капелата
- Гробиштата
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads