Струга (археолошко наоѓалиште)

археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

Стругаархеолошко наоѓалиште во градот Струга. Претставува населба и некропола од хеленистичкото и римското време и средниот век.

Повеќе информации Основни податоци ...
Remove ads

Опис

Со изградбата на станбени објекти, улици, водовод и друго, на подрачјето на градот се откриени многу бројни археолошки наоди и тоа:

- на околу 50 метри од десната страна на Црн Дрим, при копањето на темели за изградба на самопосложување, се откриени повеќе гробови од хеленистичкото време;

- во црквата „Св. Ѓорѓи“ се чуваат милјоказ од мермер и мермерна плоча со претстава на маж, жена и дете, во етикулата;

- на ул. „Маршал Тито“ во маалото Клементица се откриени темели од повеќе објекти, а црквата „Св. Никола“ е изградена врз темелите од постара црква;

- на местото на денешната соборна црква, посветена на Св. Ѓорѓи, постоеле темели од постара црква, а во северниот дел била пронајдена голема мермерна глава. Во непосредната близина на црквата, при копање на водовод биле откриени гробови од римското време. Јужно од црквата Св. Ѓорѓи, во правецот од езерото биле откриени и темели од сакрална градба со фрескоживопис;

- на улица „ЈНА“, од левата страна од Црн Дрим, на местото на денешната џамија имало темели од постара црква.[1]

Remove ads

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads