Струмички амфитеатар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струмички амфитеатар — мал амфитеатар кој се наоѓа во истоимениот град, Македонија.
Објектот бил изграден во текот на 2010 година, и официјално пуштен на 10 декември 2010 година, по повод празникот на градот Свети Петнаесет тивериополски маченици. Самиот објект бил изграден по претходна консултација со локалните месни заедници и финансиски поддржан од страна на швајцарската Агенција за развој и соработка[1] и Општина Струмица.
Амфитеатарот е сместен во Градскиот парк на површина од 300 м2 со капацитет од 200 седишта. Изведувач на градба била фирмата ДГТ “Неимар“ ДОО Струмица, а за надзор над изведувачот на градбата бил избран ДГУТ “Конинг градба“ ДООЕЛ Струмица.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads