Струпино
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струпино (грчки: Λυκόστομο, Ликостомо; до 1926 г. Στρούμπινο, Струбино[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, денес во општината Меглен на Постолскиот округ во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 336 жители (2021). Сè до 1924 г. било населено исклучиво со Македонци, а денес е мешано, но со македонско мнозинство.[3]
Remove ads
Географија
Селото е сместено во западниот дел на котлината Меглен, на 7 км северозападно од С’ботско. Лежи во југозападното подножје на планината Кожуф.
Историја
Во Отоманското Царство
Во дадено време еден дел од жителите на Струпино го прифатиле исламот за да ја обезбедат својата лична и имотна сигурност. Во XIX век е заведено како наполно македонско село во Воденската каза. Според хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ кон крајот на XIX век Струпино (Струпина) било село на Македонци-христијани и Македонци-муслимани со вкупно машко население од 121 лице од 28 домаќинства.[4][5]
Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Струпино (Stroupino) било село во Воденската каза кое се состоело од 58 куќи во кои живееле 180 Македонци-христијани и 62 Македонци-муслимани.[6][7]
Во 1883 г. во Струпино почнала да работи бугарската пропаганда со отворање на бугарско училиште.[8]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Струпино било македонско село со 260 Македонци-христијани и 300 Македонци-муслимани.[6][9]
Христијанското население на Струпино потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Струпино (Stroupino) имало 384 Македонци под егзархијата и во него работело бугарско училиште.[6][10] Според српскиот географ Боривое Милоевиќ, во периодот пред Балканските војни селото имало 65 христијански и 50 муслимански куќи.[3]
Во Грција
По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Истата 1913 г. селото броело 670 жители, кои во 1920 г. спаднале на 460.[3] Во 1920-тите муслиманското македонско население на Струпино е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место властите довеле грчки колонисти од Мала Азија и Понд. Во 1926 г. селото е преименувано во Ликостомон. Во 1928 г. Струпино имало 684 жители,[3] од кои 250 биле дојденци (66 семејства), а остатокот Македонци.[11]
Во 1940 г. населението пораснало на 984 жители, од кои 656 Македонци, а 328 грчки дојденци, што значи дека Макецонците имале двотретинско мнозинство.[3] Во Граѓанската војна Струпино прилично настрадало. Повеќе македонски семејства морале да се иселат во Р Македонија, а останатите Македонци зимата 1947 г. биле присилно иселени од властите во С’ботско. Во тоа време според статистиката на НОФ, Струпино имало 500 Македонци и 300 грчки дојденци.[3] По војната, иселените во С’ботско се вратиле во Струпино, но до 1951 г. селото веќе спаднало на 335 лица. Во следните две десетлетија населението се накачило, со 491 лица во 1961 и 463 во 1971 г., но потоа повторно опаднало.[3]
Според истражување од 1993 г. селото е мешано словенојазично-дојденско (т.е. македонско-грчко) и во него македонскиот и понтскиот грчки се зачувани на средно ниво, а турскиот на ниско.[12]
Remove ads
Население
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Стопанство
Селото произведува претежно грав, индустриски пиперки, тутун, жито и овошје. Делумно е развиено и сточарството.[3]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads