Струпници
семејство растенија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Струпници (науч. Scrophulariaceae) — семејство на цветни растенија од редот на усноцветовидните (Lamiales). Растенијата се едногодишни и повеќегодишни билки чии цветови имаат двострана (зигоморфна) или (ретко) ѕвездеста (актиномофрна) симетрија. Имаат космополитска распределба, но претежно во умерени подрачја, вклучувајќи ги тропските планини. Го носат името на родот струпник (Scrophularia, L.).
Во минатото се сметало дека семејството има 275 рода со над 5.000 видови, но во поново време е направено драстично разграничување врз основа на нивната молекуларна филогенија. Многу родови се префрлени во други семејства во рамките на усноцветовидните, особено во тегавците (Plantaginaceae) и чумите (Orobanchaceae), но и во неколку нови семејства.[2][3] Неколку семејства од усноцветовидните се проширени за да ги опфатат родовите преместени од струпниците sensu lato.
Во семејството има и разни лековити билки. Некои од нив се:
- црн корен (Leptandra)
- струпник (Scrophularia)
- бабјак (Verbascum)
Remove ads
Родови

|
|
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads