Студенички типик
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Студенички типик — српски средновековен документ од 13 век.
Студеничкиот типик го напишал Свети Сава во скитот Студеница во 1208 година, а содржи и житие на таткото на Сава - Стефан Немања, подоцна монах Симеон. Претставува прв устав на Српската православна црква. Напишан е за манастирот Студеница. Ја уредува организицијата на животот во монашката заедница Студеница, уредувањето и организацијата на манастирската управа, молитвите, исхраната, постот.
Remove ads
Историја
Студеничкиот типик е напишан по примерот на Карејскиот типик, а подоцна послужил како модел за Жичкиот типик и сите други српски манастири. Пишувајќи го Студеничкиот типик, исто така наречен Образник на Свети Сава, Свети Сава немал за цел да пропише само надворешен законик за устројството на животот во манастирот, туку да ја пренесе живото монашко предание и искуство на Света Гора и другите духовни центри на Истокот, особено оние во Цариград, Палестина (Лаврата на Свети Сава Осветениот) и Синај.
Со Студеничкиот типик, исто така, била основана првата болница кај Србите, заснована според византиски манастирски примери. Типикот ги опишува подробностите за организацијата на болницата, вклучувајќи податоци за распоредот на креветите за болните, работата на персоналот, куќниот ред, начинот на подготовка на лекови, постапката за справување со масовни болести и друго. Студеничката болница имала четири соби и 12 кревети, а болните биле отпуштени со отпусен лист по закрепнувањето. Покрај упатствата за работењето на болницата, Свети Сава пропишал и забрана за надрилекарство.
Овој устав ја одредува Студеница како слободна од црковните и световните власти, со услов дека му е доверена на владетелот на српската земја „да го има како одмаздник за секој што би сакал да прекрши каков било манастирски закон“.
Remove ads
Поврзано
Литература
- Трифуновић, Ђорђе (1990). Азбучник српских средњовековних књижевних појмова (2.. изд.). Београд: Нолит.CS1-одржување: ref=harv (link)
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads