1208
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1208 (MCCVIII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1208 година од новата ера, 208. од вториот милениум, 8. од XIII век и деветта од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6716 и 6717 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5958 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4968 и 4969 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1961.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1208 година се протега во 3844 и 3845, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3904 и 3905 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1751. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 604 и 605 исламска година.
Remove ads
Настани

По област
Азија
- 15 април - Голем пожар во Хангџоу, главниот град на династија Сунг. Пожарот беснеел 4 дена и ноќи, уништувајќи 58.097 куќи на површина од повеќе од 3 милји, при што загинале 59 лица и нерегистриран број на други луѓе, кои биле прегазени додека се обидувале да побегнат. Властите обезбедиле привремено сместување за 5.345 луѓе, во блиските будизам будистички и таоистички манастири.
Европа
- 15 јануари - Убиен е Пјер де Кастелњо од страна на Ремон VI. Ремон се смета за одговорен и поради тоа бил екскомунициран од Папа Инокентиј III, што довело до Катарска крстоносна војна[1].
- 31 јануари - Битка кај Лена: Инфериорните шведски сили ги поразиле Данците, а кралот Сверкер II Шведски е сменет како крал на Шведска. Тој е наследен од неговиот соперник Ерик Х Шведски.
- 24 март - Папа Инокентиј III ја става Англија под пресуда, како казна за кралот Јован Безземниот кој го одбил неговиот избор за архиепископ на Кентербери.
- 21 јуни - Филип Швабски, Крал на Германија и соперник на царот на Светото Римско ЦарствоОтон IV, е убиен во Бамберг од германскиот гроф Отон Вителсбах, бидејќи Филип одбил да му ја даде својата ќерка за жена.
По тема
Уметност и култура
- Роберт на Керсон ја пишува „Summa“.
Remove ads
Родени
- 2 февруари - Јаков I, крал на Арагон (п. 1276)
- Хемфри де Бохун (п. 1275)
- непозната дата - Маргарет Скулесдатер , кралица на Норвешка (п. 1270)
- веројатно - Симон V Монфорт (п. 1265)
Починале
- 14 јануари - Пјер де Кастелњо, француски свештеник (атентат)
- 22 април - Филип Појту, принц-бискуп од Дурам
- 21 јуни - Филип Швабски, крал на Германија
- 9 ноември - Санча Кастилска, сопруга на Алфонсо II Арагонски (р. 1155)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads