Сува Чешма (Дебар)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сува Чешма или Нова Гипсарница — археолошко наоѓалиште во Дебар. Претставува некропола од римско време. Во 1941-1944 година работниците на претпријатието „Расадник“ при обработувањето на земјата откриле повеќе гробови. Според кажувањето на еден од учесниците во тие работи, гробовите биле градени од камени плочи - тип циста, и во нив наоѓале прстени и бакарни пари. Во поново време, при изградбата на влезот за гипсарницата, исто така биле откриени и уништени гробови градени од камени плочи.[1]
Remove ads
Поврзано
- Горно Удово — населба од железно време и среден век;
- Куќата на Каплан Арифи — осамен наод од римско време;
- Куќата на Мухамед Карпузи — депо на средновековни монети;
- Ски — средновековна населба и некропола;
- Стојаница — средновековна црква и некропола;
- Новост — средновековна црква и некропола;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads