Ски (Дебар)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Ски нарекуван и уште Горно Удово — археолошко наоѓалиште во Дебар. Претставува населба и некропола од римско време. Се наоѓа на околу 2 км источно од градот, под некогашниот пат Дебар-Скопје, на падина што се спушта кон реката Радика. На имотот на Бигорскиот Манастир биле откриени темели од објекти градени од камен и варов малтер, како и повеќе питоси. Во непосредната близина се откопани и гробови и тегули — тип „на две води“. Денес наоѓалиштето е потопено со водите од хидроакумулацијата Шпиље.[1]
Remove ads
Поврзано
- Горно Удово — населба од железно време и среден век;
- Куќата на Каплан Арифи — осамен наод од римско време;
- Куќата на Мухамед Карпузи — депо на средновековни монети;
- Стојаница — средновековна црква и некропола;
- Сува Чешма — средновековна некропола;
- Новост — средновековна црква и некропола;
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads