Сувоносни мајмуни
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сувоносни мајмуни (латински: Haplorhini) — подред на примати. Порано овој подред, со исклучок на аветите, се нарекувал вистински мајмуни, со што се потенцирала разликата од т. н. полумајмуни. Денес ваквата поделба се смета за застарена.
Сувоносните мајмуни, кон кои припаѓа и човекот, се одликуваат со низа одлики кои ги разликуваат од другиот подред на примати — влажноносни мајмуни. Според името, кај хаплоринските примати носот е сув и со помалку развиен осет за мирис. Сувоносните најчесто раѓаат по едно младенче. Во целост, овој подред се смета за поразвиен во еволутивна смисла.
Сувоносните мајмуни се среќаваат во тропските и суптропските региони на Америка, Африка (со исклучок на Мадагаскар), кај Гибралтар, како и во Јужна и Југоисточна Азија до Јапонија. Човекот ги населува сите континенти, со исклучок на Антарктикот.
Сувоносните мајмуни се поделени на два инфраредови[1]:
- авети (Tarsiiformes)
- вистински мајмуни (Simiiformes)
- широконосни мајмуни или мајмуни од Новиот Свет (Platyrrhina)
- тесноносни мајмуни или мајмуни од Стариот Свет (Catarhina)
Најстарите фосилни претставници на овој подред се тејардина и антрасимија, стари околу 55 милиони години.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads