Широконосни мајмуни

From Wikipedia, the free encyclopedia

Широконосни мајмуни
Remove ads

Широконосни мајмуни или новосветски мајмуни (науч. Platyrrhini) — парворед на примати. Заедно со тесноносните мајмуни (старосветски мајмуни) го образуваат инфраредот на вистински мајмуни, а со аветите го образуваат подредот на сувоносни мајмуни.

Кратки факти Широконосни мајмуни или Новосветски мајмуни, Научна класификација ...

Широконосните мајмуни, со исклучок на човекот, се единствените примати кои живеат на американскиот континент. Нивниот ареал на живеење се протега од јужно Мексико до северна Аргентина. На островите од Карипското Море порано постоеле неколку (денес изумрени) видови кои припаѓале во групата на антилски мајмуни (Xenotrochini).

За разлика од старосветските мајмуни, кај широконосните мајмуни ноздрите се насочени нанапред, а носот во целост е покрупен и поширок. Големината и тежината на широконосните мајмуни е различна. Најмал претставник од овој инфраред воопшто е џуџестиот мармозет, кој тежи само 100 г, а најголеми се дрекавците и неколку видови на пајаковидни мајмуни, чија тежина надминува 10 кг. Сите новосветски мајмуни живеат на дрвјата и, со исклучок на ноќните мајмуни, активни се во текот на денот.

Најстарите фосили од широконосни мајмуни и припаѓаат на олигоценската епоха. Во однос на двата други инфраредови на сувоносни мајмуни, поблсико сродство имаат со старосветските мајмуни отколку со аветите. Многу е веројатно дека предците на овој таксон го преминале Атлантскиот Океан на пловечки дрвја во епохата кога растојанието меѓу континентите не било толку големо.

Remove ads

Систематика

Широконосните мајмуни се распределени во пет семејства:

  • Семејство Callitrichidae: мармозети и тамарини
  • Семејство Cebidae: капучини и верверични мајмуни
  • Семејство Aotidae: ноќни или бувски мајмуни (дурукулис)
  • Семејство Pitheciidae: титии, сакии и уакарии
  • Семејство Atelidae: дрекавци, пајаковидни и волнени мајмуни

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads