Судир на цивилизациите

From Wikipedia, the free encyclopedia

Судир на цивилизациите
Remove ads

Судир на цивилизациите (англиски: The Clash of Civilizations) — теза, предложена од американскиот политички научник Семјуел Хантингтон, кој истакнува дека културните и религиозни идентитети на луѓето ќе бидат примарен извор на конфликт во светот по завршувањето на Студената војна.

Thumb
Корица на англиското издание: Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок

Оваа теорија првично била формулирана во 1992 година како предавање [1] на Американскиот претприемачки институт, а била развиена како есеј под наслов "The Clash of Civilizations?" [2] објавен во списанието Foreign Affairs, како одговор на Френсис Фукујама и неговата теза за Крајот на историјата. Хантингтон подоцна својата теза ја доработил во својата книга од 1996 година под наслов: Судирот на цивилизациите и преобликување на светскиот поредок (The Clash of Civilizations and the Remaking of World Order).

Терминот првпат бил употребен од страна на Бернард Луис во една статија од септември 1990 година: "Корените на муслиманскиот бес" [3].

Човековата историја е историја на цивилизациите. Невозможно е да се размислува за развојот на човештвото во некои други рамки. Приказната се протега низ генерации цивилизации, од древаната сумерска и египетска, преку класичната и мезоамериканската, до христијанската и исламската, како и преку сукцесивните манифестации на синичката (сите етнички кинески заедници во регионот на Јужна и Југоисточна Азија б.н) и индската цивилизација. Низ историјата, цивилизациите претставувале најширока категорија со која се идентификувале луѓето. Токму затоа, познатите историчари, социолози и антрополози темелно ги истражувале нивните причини, појава, раст, интеракција, достигнувања, слабеењето и падот. И цивилизацијата и културата се однесуваат на начинот на живеење на еден народ, а цивилизацијата е култура на повисоко ниво. И двете ги опфаќаат вредностите, нормите, институциите и оние форми на мислење за кои повеќе генерации едноподруго во едно дадено општетсво сметаат дека се од примарна важност... Цивилизацијата е најширок културен ентитет... Цивилизацијата е највисока културна групација и најширокото ниво на културен идентитет на луѓето... [4]


Remove ads

Големите цивилизации според Хантингтон

Според сфаќањето на Семјуел Хантингтон покрај западната (атлантска) цивилизација во светот се дефинирани и постојат уште шест други потенцијално сопернички цивилизации: исламска, синичка (кинеско-конфуцијанска), хиндуистичка, јапонска, латиноамериканска и (можеби) африканска.

Thumb
Судирот на цивилизациите според Хантингтон (1996), како што се претставени во книгата.[5]

Извори

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads