Судичка Река (Врсаково)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Судичка Река — археолошко наоѓалиште во штипското село Врсаково. Претставува населба од доцноантичкото време. На 2 км североисточно од селото, десно од патот за селото Судиќ има рамнина која на источниот крај постепено паѓа кон Судичка Река. Во нивите на В. Николов, Љ. Стојанов и П. Јакимов, со површина од околу 4 хектара, има градежен камен, тегули и имбрекси, а биле раскопувани и темели од ѕидови. Исто така е присутен и голем број фрагменти од керамички садови, како и од пирамидални тегови од печена земја. Исти остатоци се забележуваат и на падините од левата страна на реката.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads