Сузана Гавазова
македонска турбофолк-пејачка From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сузана Гавазова (Струмица, 21 декември 1979 ) — македонска популарна турбофолк-пејачка. Има издадено повеќе од пет албуми и има снимено повеќе спотови.[1]
Кариера
Гавазова е родена на 21 декември 1979 година. Потекнува од струмичкото село Сушица. Таа почетоците ги имала со групата Пицикато и првиот професионален настап бил на најстариот фолк фестивал во земјава „Фолк Фест Валандово“, во 1998 година со песната „Ако ако, Нека нека“, со која не освојуваат награда. Соработката со истата група продолжила неколку години, каде учествувале скоро на сите фестивали во земјата со песни на најпознатите автори на фолк музиката и истовремено освојувала голем број награди. Во соработка со групата Пицикато имаат издадено два албума за издавачката куќа Сенатор – Битола. Во 2004 година на Валандовската сцена го прави својот прв соло-настап со композицијата „Немирка“ на авторот Димитров, по што следат низа настапи на сите фестивали во Македонија и пошироко, голем број награди и гостувања, како во Европските држави така и неколку гостувања во прекуокеанските земји Австралија и Америка. Како солист има издадено три албуми за издавачката куќа Мистер Компани. Првиот соло албум е насловен „Удри Дајре“, после него следува албумот „Пеј животе“, третиот со македонски староградски песни, и четвртиот албум "Бум Бум". Во 2017 година на Фолк Фест Роса излегува со песната "Опасна за око", која во 2018 снима спот за истата, во спотот главниот машки модел е: Стефан Лазаров. Во 2020 година ја промовира нејзината нова песна "Бум Бум" која за брзо време станува гомем хит. Во 2021 година следуваат нејзините нови песни "Прстен несуден", и "Аманет" која ја пее заедно со Јовица Наумчевски. Таа настапува со различни бендови со: "Балкан Бенд", "Група Академци", Ристе Гавровски и "Легато Бенд", Група Дрим Тим, Група Молика и други.
Спотови
Тв верзии
- Фолклорни спотови
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
