Суматра

From Wikipedia, the free encyclopedia

Суматра
Remove ads

Суматра (индонезиски: Sumatera) е индонезиски остров, еден од Големите Сундски Острови. Со површина од 470.000 км2 Суматра е шести остров по големина во светот. Има 40 милиони жители кои зборуваат на 52 различни јазици. Најмногу имаат малајско потекло. Околу 80% од населението се муслимани, а 18% христијани.

Кратки факти Географија, Место ...

Островот се простира 1.700 километри во правец северозапад-југоисток и широк е до 370 километри. Екваторот поминува низ средината на островот. Планината Керинчи е највисокиот врв на Суматра (3.805 метри). Суматра е позната по интензивната вулканска активност, поради што земјата е многу плодна, а пејзажите се спектакуларни. Источната половина на островот е рамничарска. Околу 40 километри од јужниот брег на Суматра, од другата страна на Сундскиот Проток, се наоѓа островот Јава. Борнео е оддалечен 600 километри, додека Малајскиот Полуостров на североисток е одвоен со Малачкиот Проток. На околу 200-1000 километри северозападно од Суматра лежат групата на острови Андамани и Никобари.

Цунами со височина од 15 метри, произлезено од земјотрес со јачина од 9 степени според рихтеровата скали, го погодил островот на 26 декември 2004. Западниот брег, особено покраината Ачех била катастрофално погодена и разрушена. Имало повеќе од 200.000 мртви.

На Суматра се наоѓаат значајни извори на нафта. Се експлоатира јаглен, злато, боксит и цинк. Од земјоделските производи значајни се каучукот, биберот, кафето, палминото масло и тутунот.

Remove ads

Природа

На Суматра живеат 201 вид на цицачи и 580 видови на птици. На островот има 9 ендемски видови на цицачи и уште 14 на околните острови. Од тие видови највеќе се истакнуваат: суматрански тигар, суматрански орангутан, суматрански носорог, суматрански слон, малајски тапир, овошен лилјак и други. Има и 17 ендемски растителни видови (најголемиот цвет на светот: Rafflesia arnoldii).

На островот постојат 10 национални паркови од кои три припаѓаат на списокот на Светското културно наследство.

Remove ads

Покраини

Суматра е поделена на 10 покраини, од кои само Ачех има статус на посебен регион.

  • Ачех (северозапад), главен град Банда Ачех
  • Бангка Белитунг (2 острова во близина на Борнео), Панкалпинанг
  • Бенкулу (јужен брег), Бенкулу
  • Џамби (центар-исток), Џамби
  • Лампунг (југоисток), Бандар Лампунг
  • Ријау Кепулауан (Ријау Острови), Танџунгпинанг
  • Ријау (центар), Пеканбару
  • Суматера Барат (средина на западниот брег), Паданг
  • Суматера Суматан (југоисток), Палембанг
  • Суматера Утара (северозапад), Медан
Remove ads

Суматра како мотив во уметноста

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads