Сурово железо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сурово железо ― сите легури на железо и јаглерод кои содржат повеќе од 2,14% јаглерод.[1] Тоа е полупроизвод при производството на челик кој се добива со топење на железна руда во висока печка. Затоа што се добива директно со редукција на рудата, суровото железо е примарна легура.[1] Во својот состав суровото железо содржи висока количина на јаглерод, обично од 3,8% до 4,7%,[2] кој заедно со силициум диоксидот и другите нечистотии го прави многу кршливо и освен во одредени случаи не може да се употребува директно како материјал.[3]

Калапите кои се користат за инготи од сурово железо имаат облик на разгранета структура формирана во песок, а одделни инготи се под прав агол [4] од централниот канал, што личи на група прасиња кои ги дои свиња. Бидејќи суровото железо треба повторно да се топи, несразмерната големина на инготите и малата количина песок во нив предизвикуваат незначителни проблеми со оглед на леснотијата на леење и ракување со нив.
Remove ads
Историја
Топењето и производството на ковано железо се практикувало во Древна Европа и на Блискиот Исток, но се произведувало во грно со директна редукција. Грното е јама обложена со глина и поставена на места каде има природно струење на воздухот.[5]
Во Европа суровото железо почнало да се произведува во средниот век. Кинезите правеле сурово железо за време на династијата Џоу (која завршила 256 година п.н.е.).
Remove ads
Видови сурови железо
Традиционално, од суровото железо се правело ковано железо во грно, подоцна во пудлинг печки, а од неодамна се прави и челик.[6]
Врз основа на хемискиот состав и начинот на подготовка суровото железо може да се подели на:
- Бело железо - кај ова железо јаглеродот не е во цврст раствор со железото и е издвоен во вид на железен карбид (цементит).
- Сиво сурово железо - јаглеродот кој не е во цврст раствор со железото делумно е издвоен како графит и делумно како цементит (што зависи од брзината на ладењето).
- Мелирано железо - кое е премин од бело во сиво железо. Тоа се постигнува со регулирање на содржината на силициум и со брзината на ладење.
- Специјално железо - легирано железо кое содржи поголема количина силициум, манган или други елементи кои се додаваат за подобрување на својствата на железото.
- Нисколегирано специјално железо - не содржат повеќе од 5% други елементи
- Високолегирано специјално железо - со поголема количина на легирани елементи која може да надмине и 10%.[1]
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads