Сушица (Апоскепска)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Сушица или Апоскепска Река[1] (грчки: Χείμαρρος του Απόσκεπου, Σιούτιστας[2][3], Απόσκεπος[4] или Ρέμα Απόσκεπου[5]) — река во Костурско, Егејска Македонија. Завршува како западен дотек на Костурското Езеро.[1]
Remove ads
Течение
Реката извира на планината Вич западно под врвот Свети Илија (1.268 м) и првично тече во југозападен правец. Југоисточно од врвот Мики (975 м) завртува кон југоисток и ја образува границата меѓу планините Вич на североисток и Саракина на југозапад. Минува јужно од селото Апоскеп и завршува непосредно северно од костурското предградие Нов Чифлик, каде се влева во Костурското Езеро.[1]
Слив
Реката е долга 6,22 км.[5] Надморската височина на речниот слив се движи од 650 м до 1.000 м. Протокот на реката изнесува 3 – 100 л/с, во зависност од количеството на врнежи.[4]
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads