Стар Чифлик

поранешно село во Костурско, Егејска Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia

Стар Чифлик
Remove ads

Стар Чифлик (грчки: Παλαιό Τσιφλίκι) — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Кратки факти Стар Чифлик Παλαιό Τσιφλίκι, Земја ...
Remove ads

Географија

Селото се наоѓало околу 2 км од северниот брег на Костурското Езеро, јужно од селото Сетома.[1]

Историја

Во Отоманското Царство

Според податоците од 1873 година во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“, селото имало 20 домаќинства со 90 жители Македонци.[2]

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во селото Стар Чифлик имало 60 жители, сите Македонци.[3][4]

По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Стар Чифлик имало 144 Македонци под патријаршијата.[4][5]

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Стар-Чифлик се води како чисто македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак со 10 куќи.[6]

Во Грција

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 8 жители.[1]

Во 1920 г. селото е запишано со 7 жители. Поради малобројноста на жителите, во натамошните пописи како населба не се споменува.[1]

Remove ads

Културни и природни знаменитости

Цркви

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads