Схокланд

остров во Холандија From Wikipedia, the free encyclopedia

Схокланд
Remove ads

Схокланд ― поранешен остров во холандскиот Зојдерзе, во општината Нордостполдер. Схокланд бил издолжен појас со тресетско земјиште што престанало да биде остров кога Нордостполдер бил вратен од морето во 1942 година. Сега е само малку покачен дел од полдерот, со сè уште делумно недопрен потпорен ѕид на крајбрежјето на Миделбурт. На 1 април 2014 година, имало 8 жители[1] но според статистичката служба на Холандија, пет луѓе живеат на поранешниот остров.[2]

Кратки факти светско наследство на УНЕСКО, Место ...
Thumb
Карта на Схокланд, јуни 2015 година/

Схокланд бил привлечна населба во средниот век кога била многу поголема, но до 19 век била под постојана закана од поплави поради порастот на нивото на морето. Дотогаш Схокландците се повлекле на трите највисоки делови: Емелорд, Моленбурт и Миделбурт. Големата поплава во 1825 година донела огромно уништување, а во 1859 година власта одлучила да стави крај на трајното населување на Схокланд. Поранешната општина Схокланд била приклученаи кон Кампен на главното копно.

Денес Схокланд е познато археолошко наоѓалиште и домаќин на музејот Схокланд. Схокланд било првото светско наследство на УНЕСКО во Холандија.

Remove ads

Јавен превоз

Најблиските железнички станици се во Кампен и Дронтен.

Автобуската линија 682 работи од Кампен и го опслужува Схокланд.

Поврзано

  • Ниу (Нов) Схокланд

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads