Сњежка

планина на чешко-полската граница From Wikipedia, the free encyclopedia

Сњежка
Remove ads

Сњежка (чешки: Sněžka, полски: Śnieżka, германски: Schneekoppe) — планина на границата на Чешка и Полска, и најстакната точка на Шлескиот Срт во венецот Крконоше. Со 1603 м ова е највисока планина во Чешка, на венецот Крконоше и целите Судети.

Кратки факти Сњежка Sněžka / Śnieżka, Највисока точка ...
Thumb
Сњежка во 1900 г.
Remove ads

Историја

Првото документирано искачување на планината се случило во 1456 г. од непознат венецијански трговец во потрага по драги камења. Набргу потоа се појавиле и првите населени места на планината, претежно во облик на рударски населби, каде населението се занимавало со добивање на бакар, железо и арсен. Рударските окна се зачувани и до денес, и долги се вкупно 1,5 км.

Првото германско име на планината е Ризеберг („џиновска планина“), спомнато од Георгиј Агрикола во 1546 г. По петнаесет години се јавува името Ризенберг на картата на Шлеска на Мартин Хелвиг. Подоцна германското име се сменило во Ризенкопе („џиновска чука“), за на крај да го добие називот Шнекопе („снежна чука“).

На чешки, планината прво се нарекувала Пахрбек Сњежни (снежна чука), подоцна Сњежка, а името Сњежовка е усвоено во 1823 г. Во постаро време, планината на полски се нарекувата Гура Олбжимја („џиновска планина“).[2]

Најстар објект на врвот е параклисотСв. Лаврентиј“ (Laurentiuskapelle), изграден околу 1665–1681 г. од шлеското семејство Шафгоч како меѓник на нивниот имот. Околната територија, заедно со рудниците, биле во сопственост на ова семејство сè до 1945 г. Во 1850 г. е изграден планинарскиот дом Пруска колиба на шлеската (полска) страна, а во 1868 г. е направен и домот Чешка колиба на чешка страна. Пруската колиба е обновувана заради пожари во 1857 и 1862 и по 1945 г., па на крајот срушена во 1967 г. Чешката колиба се запустила по 1990 г. и е урната во 2004 г.

Во 1900 г. на врвот е изградена дрвена метеоролошка станица. Интересно е што била единствената неоштетена метеролошка станица цела Средна Европа по Втората светска војна. Урната е во 1980-тите.

Remove ads

Планината денес

Thumb
Полската метеоролошка опсерваторија

Планината е мошне популарно планинарско одредиште за туристи од Чешка, Полска и Германија, кои ја посетуваат во летниот период. На полска страна има видиковец со ресторан во облик на диск, изграден во 1974 г., матеоролошка станица и параклисот Св. Лаврентиј. На чешка страна се остатоците од Чешката колиба, пошта и седечка жичница која поаѓа од Пец под Сњежка на подножјето на планината.

Thumb
Поглед од врвот на Сњежка
Remove ads

Галерија

Поврзано

  • Крконоше
  • Судети

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads