Табакера

From Wikipedia, the free encyclopedia

Табакера
Remove ads

Табакера[1][2] — џебна кутија што се користи за сместување на тутун или мал број цигари и спречување на нивно туткање. Типична табакера е рамна кутија (најчесто метална) што се отвора симетрично на две половини. Во секоја половина е сместен ред цигари, кои често се прицврстени со пружина или еластична лента. Некои табакери се едноставно цврсти кутии кои се користат за сместување на стандардни пакувања цигари.

Thumb
Алуминиумска табакера
Thumb
Табакера обложена со црна кожа чија внатрешност е полна со цигари.
Thumb
Табакера испишана со симболи на ционистичко студенстко здружение (Studentenverbindung), во збирката на Еврејскиот музеј на Швајцарија.
Remove ads

Видови и употреби

Во денешно време не сите табакери се метални, некои се и од пластика. Други доаѓаат со дополнителни функции, како што се вградени запалки или пепелници.

Во Соединетите Држави во 1920-тите и 1930-тите, типичните табакери содржеле 50 цигари. Поради оваа причина, тие понекогаш биле нарекувани „flat fifties“.[3]

Thumb
Табакера од змиска кожа дизајнирана од Пјер Легрен, околу 1925 година.

Табакерите се модни додатоци во културата на пушењето. Како такви, тие можат да бидат направени од благородни метали, украсени со уметнички гравури, монограми[4] и накит. Петар Карл Фаберже, иако најпознат по своите Фабержеови јајца, исто така направил прекрасни табакери од злато и скапоцени камења за семејството на царот.[5] Некои (на пример, онаа што и припаѓа на Даниела Стил) се вели дека вреди 25.000 долари.[6][7]

Табакерите се исто така колекционерски предмети.

За време на двете светски војни, табакерите биле популарни кај војниците, а многу ветерани од Првата и Втората светска војна (на пример, Џејмс Духан) рекле дека табакерите им го спасиле животот со запирање на куршумите.[8]

Remove ads

Галерија на табакери од Музејот на тутунот во Прилеп

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads