Табаре Виудес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Табаре Виудес
Remove ads

Табаре Виудес (роден на 8 септември 1989 во Монтевидео) — уругвајски фудбалер, играч од средниот ред на Клуб Олимпија.

Кратки факти Табаре Виудес, Лични податоци ...

Неговиот прекар е „El Chaio“.

Remove ads

Кариера

Виудес играл за сениорскиот тим на уругвајскиот шампион Дефензор Спортинг една година во сезоната 2007-2008 и постигна 6 гола. Во трансфер периодот во 2008, Табаре Виудез го привлекол вниманието на Милан заедно со Матијас Кардасио. Двајцата играчи потпишале за клубот. Табаре Виудес го зема бројот 20, претходно носен од Јоан Гуркуф.

Виудез направи неколку претсезонски настапи за Милан и импресионираше против Наполи и Манчестер Сити.

Виудез го направи своето официјално деби во Серија А, настапувајќи како замена за Дејвид Бекам во 90-тата минута во победата против Аталанта со 3-0 на 8 март 2009 година.

На 28 август 2009 Милан објави дека го прекинале договорот со Табаре Виудез и неговиот уругвајски соиграч Матијас Кардасио со заемен договор.[1] Поради тоа што во Милан неговите квалитети не бил во целост прифатени, Виудес се врати во екипата во која што ја започнал својата кариера Дефензор Спортинг. Тој ја одиграл целосно сезоната 2009-10 и на 13 натпревари постигнал 2 гола. Тоа не била најдобра сезона за клубот кои завршил на средината на табелата без никакви шанси за титулата пред сè поради финансиските проблеми со кој се соочувале. Затоа во летото 2010 година дел од подобрите играчи биле продадени, а меѓу нив и Виудес кој потпишал со мексиканската Некакса. Дебитирал за Некакса на 25 јули против екипата на Јагуарес, влегувајќи во игра од клупата за резерви во 63-тата минута како замена за Есекиел Ороско.

Remove ads

Репрезентативна кариера

Виудес беше дел од Уругвајската младинска репрезентација до 20 години на Светскиот куп У-20 во Канада и беше најмладиот репрезентативец на Уругвај. Во јануари 2009, Виудес се приклучил на Уругвајската репрезентација во Јужно Американскиот Младински Шампионски Куп 2009 (2009 South American Youth Championship) во Венецуела. Тој играше на првиот натпревар во победата од 2-0 против Боливија и направи импресивна асистенција за првиот гол што го постигна Николас Лодеиро. Во вториот меч Виудез постигна гол во првата минута во победата од 3-2 против Чиле.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads