Чиле

From Wikipedia, the free encyclopedia

Чиле
Remove ads

Чиле (офиц. Република Чиле, шпански: República de Chile) — држава која го опфаќа централниот и јужнозападниот брег на Јужна Америка. Главен град е Сантјаго. Чиле се граничи со Tихиот Окeaн на запад, со Перу на север, Боливија на североисток и со Аргентина на исток.

Кратки факти Република Чиле República de Chile (шпански), Службен јазик ...
Remove ads
Remove ads

Етимологија на име

Историја

Рана историја

Територијата на денешната држава Чиле била населувана уште пред 10.000 години. Ова се должи главно поради своите плодородни долини кои се наоѓаат по бреговите на земјата.

Шпанската колонизација

Во текот на 16 век, португалецот Фернандо Магелан го открил т.н. Мегеланов проток. Во 1531 година Шпанија завладеала со Империјата на Инките во денешно Перу. Еден од конквистадорите за овој регион бил Диего де Алмагро, но тој не оставил скоро никакви остатоци од тоа време. Шпанското присуство започнало да се чувствива во времето на Педро де Валдивија (15401541). Тој успеал да основа поголем број на градови и села на јужниот дел од крајбрежјето. На 12 февруари 1541 година ја основал денешната престолнина Сантјаго де Чиле. И покрај тоа што Шпанците не откриле злато во регионот, сепак поради својата стратегиска положба земјата станала дел од Вицекралство Перу.

Независност

Така територијата на Чиле до 1810-тите била под контрола на Шпанија за да во 1818 година добие независнот. Карактеристично за Чиле е тоа што станала една од поразвиените земји во регионот со развиена морска флота и силна армија. Оваа надмоќ и дозволило на земјата да стапи во конфликт со Перу и Боливија во 1879-1883 година, да окупира Лима и да и ги одзеде крајбрежните области на Боливија. Во 1925 година бил изгласен нов устав според кој претседателот станал највлијателен во републиката.

Thumb
Аугусто Пиноче владеел со Чиле помеѓу 1973 и 1990 година.

Во 1970 година на чело на земјатазастанал Салвадор Аљенде, за да по само три години со воен удар на власт дошол генералот Аугусто Пиноче. По неговата смрт во 1990 година бил спроведен референдум по кој бил ставен крај на милитаристичкото управување на земјата.

Remove ads

Географија и клима

Политички систем

Административна поделба

Стопанство

Чиле е една од најстабилните и најпросперитетните држави во Јужна Америка. Чиле е водечка латиноамериканска држава по индексот на хуманиот развој, конкурентноста, доход по жител, глобализацијата, економските слободи и малата застапеност на корупција. Во 2006 година Чиле станал држава со најголем номинален доход по жител во Латинска Америка, а во мај 2010 година станал член на Организацијата за економска соработка и развој.

Надворешна трговија

Најзначаен извозен производ на Чиле е бакарот и тој изнесува околу половина од вкупниот извоз. Покрај бакар, Чиле извезува и дрво и дрвени производи, свежа вода, морска риба и вино. Во 2001 година Чиле извезол добра и услуги во вредност од 81,71 милијарди долари, а увозот изнесувал околу 70,92 милијарди долари, па така бил остварен трговински суфицит од 10,79 милијарди долари. Најзначајни надворешни партнери за трговија на Чиле се Кина каде што во 2001 година се пласирани 22,8% од вкупниот извоз, потоа САД и Јапонија каде се пласирани по 11,1% од извозот, па Бразил и Јужна Кореја со по 5,5% и Холандија со 4,7% од извозот.

Remove ads

Население, јазик и религија

Thumb
Чилеанска екипа

Чиле е мешавина од различни етнички групи, главно потомци на европските доселеници.[5][6][7][8] Тие сочинуваат околу 52,7% и 90% од населението.[2][9] Бранови емигранти од европските земји пристигнувале во Чиле во доцниот 19 век и почетокот на 20 век: Германци, Французи, Британци, Полјаци, Италијанци, Шпанци, Руси, Хрвати, Срби и други, како и помал број на имигранти од Блискиот Исток.

Што се однесува до религијата, Католиците се 70%, додека протестантите се 15,1% од вкупното население.

Remove ads

Култура во Чиле

Thumb
Thumb
Пабло Неруда и Габриела Мистрал, добитници на Нобеловата награда за литература (1971 и 1945)

Галерија

Наводи

Loading content...
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads