Табитеуеја
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Табитеуеја (гилбертански: Tabiteuea) е атол во Кирибатите, дел од островската група Гилбертови Острови. Атолот се наоѓа јужно од Тарава и е составен од два помали островчиња: Еаникај на север и Нугути на југ. Покрај овие два остроа, околу атолот се наоѓаат и неколку мали островчиња. Атолот има вкупна површина од 38 км2, додека лагуната има површина од 365 км2. На атолот живеат 4.899 жители според податоците од 2005 година.

Името на атолот на кирибатски јазик значи „земја без поглавици“ и тоа се однесува на традиционалната еднаквост меѓу населението на островот. Во 19 век на островот имала религиска војна, односно луѓето од Северна Табитеуеја, кои се покрстиле, ја нападнале и освоиле Јужна Табитеуеја, кои биле верници во локални религии.[1]
Remove ads
Окрузи
Административно, Табитеуеја е поделена на два округа:
- Северна Табитеуеја - има површина од 26 км2, население од 3.600 жители (2005), опфаќа само две села и главен центар е селото Утироа.
- Јужна Табитеуеја - има површина од 12 км2 и население од 1.299 (2005), опфаќа 6 села и главен центар е селото Буарики.
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads