Тамуз
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тамуз (хебрејски: תמוז) — десеттиот месец од граѓанскиот и четвртиот месец од верскиот еврејски календар. Ова е летен месец со 29 дена, кој се совпаѓа со јуни-јули од грегоријанскиот календар.
За други значења на поимот, погл. Тамуз (појаснување).
Името на месецот е прифатено од асирско-вавилонскиот календар, каде истиот е наречен по еден од поважните месопотамски богови — Тамуз, за кој се зборува во Езекил 8:14.[1]
Меѓу другото, тамуз е и месец во современиот асирски календар на асирските христијани.
Remove ads
Празници во тамуз
17 тамуз: Седумнаесетти тамуз (Шива асар бетамуз) — жаловен пост во сеќавање на заземањето на Ерусалим од вавилонскиот цар Навуходоносор.[2]
На други јазици
- Во Ирак и Левантот, „тамуз“ (ﻤﻮﺯ) се нарекуа месецот јули. На турски истиот се нарекува „темуз“ Temmuz, а на сириски гласи ܬܡܘܙ. Во Либан, Сирија и Палестинскиот територии, Израелско-либанската војна од 2006 г. се нарекува Харб тамуз (حرب تموز, „Јулска војна“) според арапскиот обичај да се именуваат војните со Израел по месеци од годината.
Поврзано
- Тамуз (бог)
- Седумнаесетти тамуз
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads