Таратор
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Таратор[1] или таратур[2] — освежителна салата или ладна супа, особено популарна во топлата пролет и жешкото лето.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |

Remove ads
Како се прави (рецепт)
Состојки (за четворица)
- една глава лук
- половина килограм кисело млеко
- две свежи краставици
- 100ml сончогледово или маслиново масло
- една мала лажица сол
Потребен специјален прибор
- дрвен сад за толчење
- дрвен толчник
Подготвување
Лукот се дели на чешниња и се лупи. Чешнињата се ставаат во дибекот сосе солта и се толчат сѐ додека не се добие еднолична смеса. Во дибекот се додава сето масло и со толчникот се меша сѐ додека маслото не се впие во истолчениот лук. Масата треба да добие конзистенција слична на мајонез. Киселото млеко се истура во длабок порцелански или стаклен сад и во него се додава истолчениот лук. Се меша за да се изедначи. Ако киселото млеко е прегусто, некои додаваат малку студена вода. Други пак претпочитаат тараторот да остане погуст.
Краставиците се мијат и се лупат. Потоа со остар нож се сечкаат на ситни парченца. Наместо нож може да се употреби ренде. Иситнетите краставици се додаваат во смесата. По можност, се зачинува со листови свеж копар (Anethum graveolens).
Remove ads
Сервирање
Готовиот таратор пред сервирањето се лади во фрижидер. Непосредно пред послужувањето може да се додадат коцки мраз.
Галерија
- Македонски таратор
- Тараторни чунови
- Таратор
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
