Татјана Хмирова

From Wikipedia, the free encyclopedia

Татјана Хмирова
Remove ads

Татјана Хмирова (роден на 6 февруари 1990 во Волгоград) — руска ракометарка, среден бек на Шиофок и на руската репрезентација.

Кратки факти Лични податоци, Име и презиме ...

Татјана Хмирова игра на сите три бековски позиции: лев, среден и десен бек. Родена е во Волгоград и кариерата ја започнала во екипата на Динамо Волгоград во која дебитирала во 2005 година. За својот матичен клуб, Хмирова настапувала осум години. Со Динамо Волгоград има освоено три шампионски титули и една титула во Купот на Русија (2008). Во сезоната 2013-2014, Хмирова потпишала за ЖРК Вардар. Во 2018 година, заедно со својата соиграчка од Вардар Андреа Пенезиќ потпишале за унгарскиот Шиофок.

За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен игра на ова СП. Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на Европското првенство на кое Македонија беше домаќин и осви бронзен медал. Во 2009 година беше дел од руската репрезентација што го освои златото на Светското првенство во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место.

Remove ads
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads