Тафеа

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тафеаmap
Remove ads

Тафеа (бислама: Tafea) е една од шестте покраини во Вануату. Тафеа ги опфаќа најјужните острови во државата. Името на покраината потекнува од првите букви на петте најголеми острови во покраината: Тана, Анејтјум, Футуна, Ероманго и Анива.

Thumb
Местоположба на Тафеа во Вануату.

Историја

Thumb
Јасур, на островот Тана.
Thumb
Знаме на покраината Тафеа.

За разлика од останатите покраини на Вануату, територијалниот интегритет на оваа административна единица не е променет уште од колонијалниот период. Сепак, во тоа време покраината се именувала или како Јужен округ или само како Тана. Денес административен центар на покраината е Исангел, а во колонијалниот период бил Ленакел.

Во 1970-те на островот Тана се појавило сепаратистичко движење за независност на Тана. Самопрогласувањето било на 24 март 1974 година. Ова движење било задушено по противењето на Франција и воспоставувањето на Англо-францускиот кондоминиумот на 29 јуни 1974.

Во 1980 година имало и друг обид за сепаратизам, со самопрогласувањето на независната Тафеа на 1 јануари 1980. Британските сили интервенирале на 26 мај 1980 и така останале дел од Вануату.

Remove ads

Географија

Покраината има население од 32,540[1] и површина од 1,628 км2. Главниот остров, но според површина втор, е Тана. На Тана живеат околу 80% од населението на покраината. Најголемо село е Ленекел, а административен центар на покраината е Исангел.

Најголемите три острови се дел од Меланезија, а Анива и Футуна се дел од Полинезија.

Острови

Островите во покраината се:

Повеќе информации остров, гл. село ...

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads