Тана (остров)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тана (остров)
Remove ads

Тана (бислама: Tanna или Tana) е остров во покраината Тафеа во Вануату.

Кратки факти Географија, Место ...
Remove ads

Географија

Островот има најголема должина од 40 километри и ширина од 19 километри. Вкупната површина на островот е 550 км2. Највисока точка на островот е Тукосмера со 1.084 метри надморска висина.

Во источниот дел на островот, североисточно од врвот, се наоѓало езерото Сиви. Во април 2000 година, по обилни врнежи, езерото истекло кон Сулфурниот залив, при тоа уништувајќи го селото во близина. При оваа непогода немало жртви.

Вулканот Јасур е активен вулкан кој се наоѓа во југоисточниот дел на островот. Вулканот е лесно достапен и позната локална туристичка атракција.

Remove ads

Население

Овој остров е најнаселен во покраината Тафеа, односно има 29.000 жители.[1] Тана е еден од најнеселените во државата. Административен центар на Тафеа е Исангел, а најголемо населено место е Ленакел.

Тана е скоро цел населен од Меланезијци и следат традиционален животен стил.

Јазик

На островот се зборуваат меланезиски јазици, односно: кмаерски јазик, југозападен танански јазик, севернотанански јазик, ленакелски јазик и источнотанански јазик. Овие јазици често се именуваат како танански јазици, дел од групата на јужновануатски јазици од семејството на австронезиски јазици. Голем дел од населението зборува и на бислама.

Сообраќај

На островот функционира Аеродром Вајтгрес.

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads