Формозански јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Формозански јазици или тајвански јазици — група австронезиски јазици кои се зборуваат/ле на територијата на денешен Тајван. Тие се староседелските народи на островот и во државата се признати како официјално малцинство и денес се околу 2% од вкупното население на државата.[1] Сепак, бројот на староседелци кои ги зборуваат мајчините јазици е далеку помал од бројот на вкупното староседелско население, најмногу благодарение на јазичната асимилација. Од околу 26 јазици, најмалку десет се изумрени, четири или пет се при умирање[2][3] и уште неколку од нив се сметаат за загрозени. Староседелските јазици во Тајван имаат голема важност во историската лингвистика, бидејќи Тајван се смета за место од каде потекнуваат сите австронезиски јазици.
Remove ads
Јазици
Во лингвистиката има спорови за тоа кој јазик се смета за посебен, а кој за дијалект од некој друг. Во прилог следува списокот на формозански јазици така како што најчесто се наведува во науката.
Живи јазици
- атајалски јазик
- бунунски јазик
- амиски јазик
- канаканабуски јазик
- кавалански јазик
- пајвански јазик
- саисијатски јазик
- пујумски јазик
- рукајски јазик
- сароаски јазик
- седички јазик
- јамиски јазик — не е формозански, но се зборува на Тајван.
- таоски јазик
- цоуски јазик
Мртви јазици
- бабузаски јазик
- басајски јазик
- фаворланшки јазик
- хоањски јазик
- кетагалански јазик
- макатаоски јазик
- пазешки јазик (последен говорник: Пан Џин-ју; умрел на 24 октомври 2010 г.)
- папорски јазик
- таивоански јазик
- таокаски јазик
- сирајаски јазик
Remove ads
Географска распространетост
Наводи
Користена литература
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads