Австронезиски јазици
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Австронезиските јазици се јазично семејство на териториите на островска Југоисточна Азија и на островите во Тихиот Океан или Океанија, но има неколку јазици кои се зборуваат и во континентална Азија и Мадагаскар. Заедно со банту-јазиците, индоевропските јазици, афроазиските јазици и уралските јазици, австронезиските јазици се едни од најразвиените стари јазични семејства во светот. Прв јазичар кој ги проучил јазиците е германецот Ото Демпволф кој ги проучил јазиците преку споредбен метод. Зборот „австронезиски“ е создаден од германскиот научник Вилхелм Шмит[1], кој пак потекнува од латинскиот збор auster „јужен ветер“ и старогрчкиот збор nêsos што значи „остров“. Овој термин е поддржан и со фактот што најголем дел од јазиците се зборуваат на острови, со мали исклучоци на јазици кои се зборуваат на континентите. Добар дел од австронезиските јазици се мали, со мал број на говорници, но сепак има и јазици кои се зборуваат од десетици милиони жители. Австронезиските јазици се едни од најраспространетите јазици во светот бидејќи овие јазици се зборуваат од Мадагаскар па сè до Божиќниот Остров.
Remove ads
Класификација

Внатрешната структура на австронезиските јазици е сложена. Ова јазично семејство има големи сличности, каде има јазици кои се многу сродни и има присуство на дијасистем, што прави потешкотии при определувањето на границите помеѓу јазиците. Сепак, јасно е дека најголема разновидност во поглед на генеологијата има кај тајванските јазици, додека најмалку различни се јазиците во Тихиот Океан. Во класификацијата на австронезиските јазици дале придонес поголем број јазичари, а во прилог се дадени класификациите на Бласт и класификацијатра според Австронезискиот основен зборовен речник.
Класификација според Бласт

- Австронезиски
Западни
- таоски
- Централно-западни
- бабузаски
- папорско-хоањски (папорски јазик, хоањски јазик)
Северозападни формозански
- северни
- централни
- сирајаски
- мантаурански, тонаски и магаски дијалекти
Класификација според Ли
Австронезиска база на основни зборови

- Австронезиски
кавалански
- таоски
- западни
- саисијатски
- пазешки
- атајалски
амиски
- сакизајаски
- натаорански
- амиски
бунунски
цоуско-рукајски
сирајаски
пујумски
пајвански
Remove ads
Наводи
Користена литература
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads