Телма

From Wikipedia, the free encyclopedia

Телма
Remove ads

Телма — македонска национална ТВ-куќа основана во септември 1996 година во Скопје, како една од приватните телевизиски станици во Македонија. Нејзин основач и сопственик е А.Д. МакпетролСкопје. Името „Телма“ е добиено со комбинација на зборовите „телевизија“ и „Макпетрол“.

Кратки факти Телма, Отпочната ...

Во ТВ Телма се ангажирани над 150 вработени и голем број надворешни соработници - телевизиски творци од сите области. Ним на располагање им стојат две студија и најсовремена дигитална телевизиска техника. Директор на телевизијата е Снежана Лупевска.

Телевизија Телма емитува програма во траење од 18 до 20 часа. Програмската шема ја сочинуваат: информативната, забавно-рекреативната и културно-уметничката и документарна програма.

Основен нејзин белег е информативната програма. Вестите се емитуваат секој ден од 12:30, 15:30, 18:30 и 21:30 часот. Во рамките на информативната програма еднаш неделно се подготвува и актуелно интервју во рамките на емисијата Топ тема, а се подготвуваат и други информативно-политички емисии од магазински тип: Време, Баланси, Досие, Светот денес, и други.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads