Темјаника

From Wikipedia, the free encyclopedia

Темјаника
Remove ads

Темјаника[1] — стара питома сорта на винова лоза (грозје). Има посебен вкус и мирис (кој се чувствува на неколку метра оддалеченост кога е зрело), па оттука и името. Почнува да созрева во средината на септември, а на зрелите зрна им пука кожата. Целиот вкус и мирис може да се почувствуваат само кога овошјето е целосно зрело и ќе ја достигне својата целосна сладина, што е некаде во средината на октомври. Плодот е со темновиолетова боја, зрната се речиси правилни топчиња со големина 10-15 мм, а понекогаш и до 20 мм.

Кратки факти Темјаника, Боја на лушпата ...

Од ова грозје се прави истоименото вино. Од плодот на темјаниката на пазарот најмногу се достапни бели вина, но малку е познато дека има и црна темјаника.

Remove ads

Потекло на поимот

Името го добило според темјан, заради јакиот мирис на зрелото грозје кое се чувствува на неколку метри оддалеченост.

Виногорје

Се одгледува во Македонија, Србија и Бугарија.

Според Правилникот за реонизација на лозарските подрачја во Македонија[2] темјаника е препорачана сорта во Тиквешкото и во Велешкото виногорје.

Вина

Виното се одликува со брилијантна и нежна сламесто жолта боја, елегантен и сензуален мирис. Преовладуваат овошни ароми на праска и тропско овошје, надополнети со зачински поттонови на бели цветови и бозел. Вкусот е средно полн, со префинета хармонична свежина и долг овошно-зачински послевкус.

Консумирање

Се препорачува консумација на температура од 7-10°С, како аперитив или во комбинација со лесни предјадења, салати и aзиска кујна. Ова вино одлично се комбинира и со суви колачи и овошни пити.[3]

Поврзано

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads