Тенџере
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тенџере[1][2] — цилиндричен метален кујнски сад наменет за приготвување храна со варење.

Тенџерето може да биде со или без капак. Капакот служи за намалување на испарувањата на водата и заштита на содржината во тенџерето од прашина. Тенџерињата се изработуваат од специјални материјали, порано биле во боја (емајлирани), додека денес најчесто се изработени од висококвалитетен не’рѓосувачки челик, или прохром .
Remove ads
Отоманска Македонија
Како и останатите метални садови од покуќнината, така и тенџерето било изработувано најчесто од казанџиите во Отоманска Македонија. Со појавата на индустрискиот развој на Балканкот, почнало и машинското производство на стариот изглед на тенџерињата. Тенџерето било користено за приготвување варива. По форма е тркалезно и од дното нагоре благо се проширува. Чемберот на отворот од тенџерето е подаден нанадвор и често на исечен во различни форми. Ваквиот чембер, освен што имал естетска функција, има и улога на држач. Капакот е ѕвончест и во неколку нивоа. На самиот врв има тркалезна, од површината малку нагоре извишена рачка на капакот. Од внатрешната страна на венецот од тенџерето има раб во кој лежи капакот со што тенџерето е добро затворено. Тенџерото често било во комплети со саани и со ќасиња. [3]
Remove ads
Наводи
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads