Тео Ернандес

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тео Ернандес
Remove ads

Тео Ернандес — (6 октомври 1997 година) познат едноставно како Тео, е француски професионален фудбалер кој игра за италијанскиот клуб ФК Милан како лев бек.

Кратки факти Тео Ернандес, Лични податоци ...

Роден во Марсеј, Тео се приклучил на младинската постава на Атлетико Мадрид во 2008 година, на возраст од десет години. Откако напредувал низ младинските категории, тој бил промовиран во резервите во Терцера Дивизион во летото 2015 година.

Тео го имал своето деби на 30 август 2015 година, почнувајќи со победата од 4:3 против ЦД Пуерта Бонита. На 3 февруари следната година, тој го обновил договорот, два дена подоцна тој бил повикан во главниот состав за натпреварот во Ла Лига против С.Д. Еибар, но поради повреди останал неискористена замена во 3-1 на домашната победа.

На 5 јули 2017 година, Тео се преселил во Реал Мадрид за сезоната 2017-18, потпишувајќи договор за следните шест години. Тој го имал своето деби за клубот на 16 август, заменувајќи го Марко Асенсио во победата од 2-0 против Барселона во натпреварот од шпанскиот Супер Куп.

На 7 јули 2019 година, Ернандес се приклучил ФК Милан во договор вреден максимум 20 милиони евра[3][4].

Таткото на Тео, Жан-Франсоа, исто така бил фудбалер. Централен дефанзивец, тој исто така играл за Атлетико Мадрид. Неговиот постар брат Лукас, исто така дефанзивец, се развил како играч во Атлетико Мадрид.

Remove ads

Статистика

Повеќе информации Клуб, Сезона ...
    Remove ads

    Наводи

    Надворешни врски

    Loading related searches...

    Wikiwand - on

    Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

    Remove ads