Тераина
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Тераина (кирибатски и англиски: Teraina) или Вашингтон (Washington Island) е корален атол во Тихиот Океан. Атолот е дел од Линиските Острови во државата Кирибати. Низ историјата островот бил познат и под други имиња како што се Проспект или Њујорк. За разлика од типичните атоли, Тераина има извор на свежа вода, односно езерото Вашингтон, кое се наоѓа во шума од кокосови дрва. Езерото е единственото езеро со постојана свежа вода на Кирибатите.[1]

Димензиите на островот се 5.4 со 2.1 километри и има вкупна површина од 14 км2.[1] Општо гледано островот е низок каде највисоката точка е 5 метри надморска височина. Во источниот дел од островот се наоѓа главниот островски центар Тангкоре. Според податоците од 2006 година, на островот живеат околу 1200 жители[2]
Remove ads
Демографија

Населението на Тераина живее во 9 села. Во 1978 година на островот имало 416 жители, а во 1990 година биле избрани 936 жители. Табелата ги вклучува селата со податоци од пописот од 2005 година.
Remove ads
Наводи
Користена литература
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads