Теренциј
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Remove ads
Публиј Теренциј Афер (Африканец) (лат. Publius Terentius Afer), повеќе познат само како Теренциј, е комедиограф (комичен драматург) од времето на Римската Република. Годината на неговото раѓање е спорна; Елиј Донат, во неговото нецелосно дело Commentum Terenti, смета дека Теренциј се родил во 185 п.н.е. [1]; Фенестела, од друга страна, вели дека е роден десет години порано, во 195 п.н.е..[2] Роден е во Картагина, но не бил картагинец како што вели неговото име; римјаните го користеле етнонимот Афер за луѓе родени во Африка, но за картагинците го употребувале исклучуво зборот Пуникус[3]. Теренциј бил веројатно од либиско потекло[4]. За првпат неговите комедии почнале да се изведуваат во ~170-160 п.н.е., а умрел млад, веројатно во 159 п.н.е. во Грција или по пат, враќајќи се во Рим. Напишал шест пиеси, од кои сите се зачувани (за споредба, неговиот претходник Плавт напишал 21 пиеса, од кои сите се зачувани).

Позната негова реченица е: „Homo sum, humani nihil a me alienum puto“ („Човек сум и ништо човечко не ми е туѓо“). Оваа реченица е од пиесата Себеизмачувач.
Remove ads
Животопис
Теренциј се родил во богато семејство во Картагина кое банкротирало и било продадено на Теренциј, римски сенатор, кој подоцна го образувал младиот Теренциј, и воодушевен од неговите способности, го ослободил.
На возраст од 25 години Теренциј го напуштил Рим и никогфап не се вратил, по изведувањето на сите шест комедии кои и денес се изведуваат. Некои антички автори велат дека умрел на море.
Теренциевите пиеси

Како и Плавт, Теренциј го прифатил грчките пиеси од подоцнежните фази на атичката комедија. Тој бил повеќе од преведувач, како штоп покажуваат современите откритија во старогрчките пиеси. Меѓутоа Теренциевите пиеси се одвиваат во очигледно „грчки“ окружувања, без романизација на ликовите и ситуациите.
Теренциј мошне се трудел да пишува во природен разговорен латински, и доволно истрајните читатели кои можат да го читаат во вернакулар, го сметаат неговиуот стил за особено пријатен и непосреден. Елиј Донат, учителот на Еремија, е најраниот денес постоечки коментатор на Теренциевите дела. За Теренциевата популарност низ средниот век и ренесансата сведочат бројни ракописи со целосни негови дела или делови од нив; академецот Клаудија Вила проценува дека 650 ракописи со Теренциевите дела датираат од по 800 н.е. Средновековниот драматург Хросвита Гандерсхајмска тврдела дека ги пишувала своите пиеси за учениот човек да има христијанска алтернатива за паганските пиеси на Теренциј.
Шесте комедии се:
- Браќа
- Девојката од Андрос
- Евнух
- Свекрва
- Себеизмачувач
- Формион
Првото печатено издание на Теренциј се појавило во Стразбур во 1470, додека првбата поантичка изведба на неговите пиеси била, Девојката од Андрос, во Фиренца во 1476.
Теренциевиот музички соработник кој компонирал музика за пиесите бил Флак.
Remove ads
Наводи
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads