Терцијар
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Терцијар[1][2] — геолошки период од изумирањето на диносаурусите, приближно пред околу 65 милиони, и почетокот на последното ледено доба (квартер) пред околу 1,8 милиони години. Според моментно важечката временска скала, наместо терциерот стојат два периода: палеоген и неоген, кои понатаму се поделени на епохи. Според тоа, терцијарот е времето од почетокот на геолошката епоха палеоцен до крајот на геолошката епоха плиоцен.
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
На почетoкот на терцијарот цицачите ги замениле влекачите како доминантна група `рбетници. Секоја епоха на терцијарот е определена според одреден стадиум во развојот на цицачите. Најраните препознатливи хоминоидни предци на човекот Proconsul и Australopithecus се појавиле во овој период. Денешните птици, влекачи, водоземци, риби и безрбетници или веќе биле бројни на почетокот на овој период или се појавиле на самиот негов почеток. Се појавиле и современите фамилии на цветниците. Морските безрбетници и `рбетници претрпеле средно ниво на еволуција.
Климата во текот на терцијарот полека почнала да се лади, почнувајќи од палеоценот со тропско-кон-умерени температури, а се завршила со широко замрзнување на крајот на периодот.
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads