Неоген
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Неогенот (неофицијално горен или доцен терцијар), е геолошки период кој траел 20,45 милиони години; започнал по завршувањето на палеогенот пред 23,03 милиони години и траел до почетокот на кватарот пред 2.58 милиони години. Неогенот е поделен на две епохи: миоцен и плиоцен. Некои геолози тврдат дека неогенот не може јасно да се разграничи од актуелниот геолошки период, квартарот.[1] Терминот „неоген“ бил измислен во 1853 година од австрискиот палеонтолог Мориц Хернес (1815–1868).[2]
ЕРА | ПЕРИОД |
Кенозоик | Квартар |
Неоген | |
Палеоген | |
Мезозоик | Креда |
Јура | |
Тријас | |
Палеозоик | Перм |
Карбон | |
Девон | |
Силур | |
Ордовик | |
Камбриум |
Во овој период, цицачите и птиците продолжиле да еволуираат во современи форми, а другите групи на живот останале релативно непроменети. Кон крајот на овој период во Африка се појавиле првите луѓе (Хомо хабилис).[3] Имало и континентални придвижувања, а најзначаен настан бил поврзувањето на Северна и Јужна Америка кај Панамскиот Провлак, доцна во плиоценот. Ова поврзување на континентите ги прекинал топлите океански струи од Тихиот до Атлантскиот Океан, а само Голфската струја останала да ја пренесува топлината во Северноледениот Океан. Климата значително се оладила за време на неогенот, и тоа кулминирало со низа континентални заледувања во следниот период, квартар.
Remove ads
Поделба
Плиоценската епоха се дели на:
- Пјаченциско доба, на кое му претходи
- Занклинска доба
Миоценската епоха се дели на:
- Месинско доба, на кое му претходи
- Тортонско доба
- Серавалско доба
- Лангианско доба
- Бурдигалско доба
- Аквитанско доба
Географија
Континентите во неогенот биле многу блиску до нивната денешна местопложба. Создаден е Панамскиот Провлак кој ги поврзува Северна и Јужна Америка. Индискиот потконтинент продолжил да се судрира со Азија, со што се формирале Хималаите. Паднало нивото на морето, и биле создадени копнени мостови меѓу Африка и Евроазија и меѓу Евроазија и Северна Америка.
Клима
Климатските промени ја предизвикале појавата на годишни времиња, а продолжил и општиот тренд на посува и поладна клима кој започнал на почетокот од палеоген. Ледените покривки на двата пола почнале да растат и да згуснуваат, а кон крајот на периодот започнало првото од низата заледувања од денешното ледено доба.[4]
Флора и фауна
Морската и континенталната флора и фауна го имале современиот изглед. Групата влекачи Choristodera исчезнала во раниот дел од периодот, а водоземците познати како Allocaudata исчезнале кон неговиот крај. Во неогенот, исто така, изумреле родовите влекачи Langstonia и Barinasuchus, копнени предатори кои биле последните преживеани членови од Sebecosuchia, група во сродство со крокодилите. Во океаните доминирале големите месојади како мегалодони и ливатани, а пред 19 милиони години исчезнаа околу 70% од сите видови пелагични ајкули.[5] Цицачите и птиците ја продолжиле својата доминација како копнени ’рбетници и се видоизменувале додека се прилагодувале на различни живеалишта. Првите хоминини, предци на луѓето можеби се појавиле во јужна Европа и мигрирале во Африка.[6][7] Првите луѓе (кои припаѓаат на видот Homo habilis) се појавиле во Африка кон крајот на периодот.[3]
Пред околу 20 милиони години, почнале да се диверзифицираат голосемениците во форма на четинари и цикади и настанале повеќе видови поради променливите услови.[8] Како одговор на постудената клима и годишните времиња, тропските растителни видови им отстапиле простор на листопадните растенија, а пасиштата се појавиле на местото од многу шуми. Тревните растенија значително се диверзифицирале, а заедно со нив еволуирале и тревопасните цицачи, и настанале многу современи тревопасни животни, како коњите, антилопите и бизоните. Цицачите од леденото доба како мамутите и рунестиот носорог биле вообичаени во плиоценот. Со намалување на нивото на CO2 во атмосферата, имало експанзија на С4 растенијата и достигнале еколошка доминација во пасиштата во последните 10 милиони години. Исто така, главоцветните растенија поминале низ значителна адаптивна радијација.[9] На Нов Зеланд пронајдени се фосилни листови од евкалиптус кои потекнуваат од миоценот; денес родот евкалиптус не е автохтон за Нов Зеланд, туку е воведен од Австралија.[10]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads