Тесалоника Македонска

македонска принцеза, полусестра на Александар Македонски From Wikipedia, the free encyclopedia

Тесалоника Македонска
Remove ads

Тесалоника (352 или 345 п.н.е. - 295 п.н.е.) — македонска принцеза а подоцна и македонска кралица.[1] Родена е како незаконска ќерка на македонскиот крал Филип II и неговата тесалиска наложница Никесиполида. Филип на денот на нејзиното раѓање извојувал важна победа во Тесалија, па затоа и го дал името "Тесалиска победа" ("Θεσσαλο" и "νίκη"). Набрзо после нејзиното раѓање мајкаи починала, па грижата за неа ја презела кралицата Олимпија, која со Никисеполис била добра пријателка. Со оглед на тоа што Тесалоника не била законско дете, главно била поштедена од сплетките околу одржувањето на династичката лоза.

Thumb
Натпис кој гласи „На кралицата Тесалоника, (ќерка) на Филип“, Археолошки музеј во Солун

Но таа ситуација се променила кога во 323 п.н.е. починал нејзиниот полубрат, славниот Александар Македонски, а дијадосите почнале да се интересираат за неа, имајќи предвид дека доколку се оженат со неа ќе го легитимираат своето преземање на Александровата империја. Тесалоника цело време и останала верна на својата маќеа, дури и 317 п.н.е. била заедно со неа при опсадата во Пидна од страна на Касандар. 315 п.н.е. Пидна паднала во рацете на Касандар, Олимпија била убиена а Касандар потоа се оженил со Тесалоника. Во бракот со Касандар, Тесалоника родила три сина: Филип, Антипатар и Александар. Касандар на својата жена и оддал почит на тој начин што новата македонска престолнина ја нарекол по нејзиното име.

Така денешен Солун по тој повод го носи името на Тесалоника.[1]

После смртта на Касандар, 297 п.н.е. а веднаш после него и Филип V, Тесалоника се обидела да ги убеди Антипатар и Александар да владеат заеднички. Но Антипатар не ја послушал, наместо тоа го протерал од Македонија својот брат Александар а Тесалоника ја убил.

Remove ads

Легенда за Тесалоника

Постои една легенда за Тесалоника која вели дека Александар Македонски од своите патувања низ Азија и донел еликсир на бесмртноста. Кога Тесалоника слушнала за смрта на својот полубрат, се фрлила во море, но не можела да се удави туку станала морска сирена која ги следела бродовите и се распрашувала дали нејзиниот брат е жив. Ако слушнела дека нејзиниот брат е мртов, се претворала во Горгона и ги јадела бродовите.

Remove ads

Наводи

Надворшени врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads