Тетрода

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тетрода
Remove ads

Тетрода – вид на електронска цевка со четири електроди сместени во стаклен или мтален балон со вакуум. Загреаната катода емитува електрони кои одат кон позитивната анода.

Thumb
Тетрода

Првата решетка, која се наоѓа меѓу катодата и анодата овозможува регулација на струјата во цевката и нејзина употреба во улога на засилувач или прекинувач. Втората решетка служи за смалување на капацитетот на анода-првата решетка, и со тоа овозможува засилување на сигналите со високи честоти без влез во самоосцилации. [1]

Remove ads

Историја

За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис

Триодата имала задоволителни одлики за некои намени, но постоеле и недостатоци: релативно мал фактор на засилување и слаба работа на високи честоти (заради релативно големиот капацитет анода-решетка). За да се отстранат овие слабости, произведени се тетроди кај кои е додадена и втора решетка (заштитна решетка, англ. screen grid, ознака G2) во просторот меѓу анодата и првата решетка.

Бидејќи втората решетка била под позитивен напон (но обично заземјена за наизменичен сигнал преку кондензатор), капацитетот анода-прва решетка паднал скоро на нула и овозможено е засилување на сигналот на многу повисоки честоти отколку кај триодата, без влез во самоосцилации. Друга предност на тетродате е многу поголем фактор на засилување заради значително намаленото влијание на анодниот напон на првата решетка. За жал, со воведувањето на втората решетка воведен и еден проблем. Електроните кои со голема брзина удирале во анодата исфрлале од неа секундарни електрони кои често завршувале на втората решетка. Ова ја зголемувало струјата на втората решетка, го смалувало факторот на засилување на тетродата и доведувало до изобличување на сигналот. Во екстремни случаи, ова можело да доведе до топење на втората решетка заради преголемата температура.

За засилување на моќност често е користена варијација на тетродата наречена млазна тетрода (англ. beam tetrode).

Remove ads

Примена

Тетродите во електрониката главно се користени за високофреквенциско засилување.

Струјно-напонски одлики

Thumb
Струјно-напонски одлики на тетрода

За одредување на работната точка на тетродата (исто како и за триодата) се користеле струјно-напонски одлики кои ги обезбедувал произведувачот. Овие одлики ја прикажувале зависноста на анодната струја Ia од напонот на анодата Ua, напонот на првата решетка Ug1 и напонот на втората решетка Ug2.

На графиконот е прикажана одлика за постојан напон од 250 V на втората решетка. Може да се види дека при мали анодни напони доаѓа до заминување на приличен број електрони на втората решетка, па одликата има таканаречена тетродна вдлабнатина. При повисоки анодни напони, ова сè помалку доаѓа до израз бидејќи попозитивната анода сè повеќе ги привлекува секундарните електрони. Сепак, на ова мора да му обрати внимание при поголеми наизменични напони на анодата.

Remove ads

Симбол

Симбол на тетрода со индиректно загревана катода е прикажан на сликата.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads