Триода

From Wikipedia, the free encyclopedia

Триода
Remove ads

Триода — вид електронска цевка со три електроди сместени во стаклен или метален балон со вакуум. Загреаната катода емитува електрони, кои одат кон позитивната анода. Решетката која се наоѓа меѓу катодата и анодата овозможува регулација во цевката, и нејзината употреба во улога на засилувач или прекинувач.[1]

Thumb
Двојна триода ECC-83

Во денешно време, електронските цевки триоди се скоро сосема потиснати од широка употреба со воведувањето на транзисторот. Останати се некои посебни подрачја каде и денес понекога се користат, како триоди за големи моќности за радиопредаватели, или за аудио засилувачи со специјална намена.

Remove ads

Историја

За историјатот да се погледа статијата Електронска цевка.

Начин на работа и опис

Thumb
Шематски приказ на вакуумска триода, со директно загревана катода. Електроните излегуваат од загреаната катода и под дејство на електричното поле, низ контролната решетка одат на анодата. Малите промени на решетката предизвикуваат големи промени во бројот на електрони кои стигнуваат до анодата (анодна струја). Ова овозможува засилување на сигналите доведени на контролната решетка. Во стаклениот балон е вакуум.

Триодата во основната конструкција е многу слична на вакуумската диода, со додаток на уште една електрода во просторот меѓу катодата и анодата. Таа електрода се нарекува решетка (прва решетка, контролна решетка, мрежа, капија) и се означува со G (од англиските зборови gate, control gate, grid).

Улогата на решетката е да го контролира протокот на електрони меѓу катодата и анодата, слично на вентил на цевка низ која протекува вода. За да биде што поефикасна во таа улога, решетката е значително поблиска до катода отколку до анодата. Со тоа се постигнува да веќе мали промени на напонот на решетката предизвикуваат големи промени во бројот на електрони кои стигнуваат до анодата (анодна струја).[2]

На пример, понекогаш е можно потполно да се елиминира анодната струја веќе при напон на решетката од – 10 V, иако анодниот напон е +100 V (ова значително зависи од видот на триодата).

Овде значи постигнуваме промена на анодната струја со промена на напонот на решетката. Овој ефект може понатаму да се употреби за засилување на слаби сигнали, што е предуслов за работа на повеќето електронски уреди. Друга употреба на триодата е за прекинување на сигналот во прекинувачката, импулсната и дигиталната електроника.

Remove ads

Примена

Thumb
Излезни степени на аудио засилувачи со триоди
Thumb
Клапов осцилатор со триода
Thumb
3CX1500A7 - модерна 1,5kW триода која се користи во радиопредавателите

Електронските цевки триоди се користени во сите гранки на електрониката и електротехниката. Примените биле разнолики:

Триодата била прва електронска компонента која можела да се користи како засилувач на слаби сигнали, со што е овозможен прав развој на електрониката.

Со пентодите, триодите се користеле за степените на напонско засилување и засилување на моќност. Како осцилатори користени се во разни споеви.

Струјно-напонски одлики

Thumb
Струјно-напонски одлики на триодата ECC-83

За одредување на работната точка на триодите, се користеле струјно-напонски одлики кои ги обезбедувале производителите на цевки. Тие ја прикажувале зависноста на анодната струја Ia од напонот на анодата Ua и решетката Ug.

За нормална работа во класа А со заземјена катода, обично е биран мал негативен преднапон на решетката и аноден напон од на 200-300 волти. Ова обезбедувало линеарно засилување на сигналот. На пример, ако одбереме аноден напон Ua да биде 200 V, и преднапон на решетката -1 V (жолта линија), од графиконот можеме да отчитаме дека вредноста на анодната струја ќе изнесува 2,26 mA. Тоа е избраната работна точка на триодата.

Remove ads

Пресметка на напонското засилување

За засилувач во класа А, работниот отпорник е споен во колото на анодата и се нарекува аноден отпорник или аноден товар. Ако одбереме работен отпорник од 10 кΩ и анодна струја од 2,25 mA, падот на напонот на него ќе изнесува:

= 0,00225 A * 10000 Ω = 22,5 V

Сега да претпоставиме дека влезниот наизменичен напон ја менува амплитудата од -1,5 до -0,5 V (напонот од врв до врв на сигналот е 1 волт). Од одликата гледаме дека анодната струја ќе се менува од 1,2 mA (при Ug=-1,5V) до 3,3 mA (при Ug=-0,5V).

Тоа значи дека падот на напонот на работниот отпорник се менува од 12 V (при струја од 1,2 mA) до 33 V (при струја од 3,3 mA). Разликата изнесува (33-12) = 21 V.

Значи постигнато е напонско засилување од 21/1 (излезен напон/влезен напон) = 21.

Лесно може да се види дека со зголемување на работниот отпор може да се постигне поголемо засилување. Ова има свои граници бидејќи при многу големи анодни отпори доаѓа до изобличување и промена на одликите на цевката заради намалување на анодниот напон.

Remove ads

Симбол

На сликата е прикажан симбол на триодата со индиректно загревана катода.

Поврзано

Наводи

Литература

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads