Тимоти Спол

From Wikipedia, the free encyclopedia

Тимоти Спол
Remove ads

Тимоти Леонард Спол, ОБИ (роден на 27 февруари 1957 г.) — англиски глумец. Тој станал познат во Обединетото Кралство по улогата во комичната серија Ауфвидерзен, Пет од 1983 година.

Кратки факти Тимоти Спол ОБИ, Роден(а) ...

Спол добил критички пофалби за улогата во Тајни и лаги (1996), за која бил номиниран за наградата ВАФТА за најфобар глумец во главна улога. Подоцна, тој глумел во Последниот самурај (2003), го играл Питер Петигру во филмскиот серијал Хари Потер (2004-2010), Алберт Пирпоинт во Пирпоинт (2005), Бидл Бамфорд во Свини Тод - Монструозниот бербер од улицата Флит (2007), Питер Тејлор во Проклетиот Јунајтед (2009) и Винстон Черчил во Говорот на кралот (2010). Спол исто така глумел во телевизискиот документарен филм Тимоти Спол: ...на море (2010–2012).

Во 2014 година, Спол ја освоил наградата за најдобар глумец на Канскиот филмски фестивал за изведбата на ликот на Вилијам Тарнер во биографскиот филм Господин Тернер.[1]

Remove ads

Ран живот

Спол, трет од четири сина во семејството, е роден во Лондон. Неговата мајка, Силвија, била фризерка, а неговиот татко, Јозеф Л. Спол, бил поштенски работник.[2][3][4][5] Тој изучувал глума на националниот младински театар и на Кралската академија за драмски уметности, каде добил награда за најперспективен глумец во својата година.

Личен живот

Спол и неговата сопруга Шејн имаат три деца: Палскал (роден во 1976 г.), Рејф (роден во 1983 г.), кој исто така е глумец, и Мерседес (родена во 1985 г.). Тој живее во предградието Форест Хил,[6] во југоисточен Лондон.[7][8]

Во 1996 година, на Спол му била дијагностицирана акутна мијелоцитна леукемија, но оттогаш состојбата му е подобрена.[9]

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads